(ВИДЕО) Погледнете го спотот за песната „Прости ми мајко“ на Влатко Алексовски!

Влатко Алексовски после дуетите со својата колешка Благица Павловска – „Дома ми е најубаво“ и „Моето срце чука за тебе“, го претстави и спотот за својата најнова песна „Прости ми мајко“, со која го најави својот нов албум..

Видеото кое изобилува со прекрасни кадри кои ја истакнуваат македонската убавина и ја доловуваат и темата на песната, е снимено на одбрани локации во комплексот „Свети Јован Канео“ во Охрид, во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во село Кучково, како и на аеродромот Александар Велики во Скопје, во кој специјални гости беа познатите македонски актери Гоце Тодоровски,Ванчо Петрушевски, Владе Дојчиновски и Дубравка Киселички.

Песната е дело на Орце Зафрировски - музика и аранжман, додека пак текстот е на Љупче Соколовски, а видеото го реализираше In Produkcija од Австралија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top