(ВИДЕО): Полицаец во Австралија интервенирал додека давал изјава во програма во живо

Видеото од настанот набрзо се прошири на социјалните мрежи..

Несекојдневна ситуација се случи во австралискиот град Алсбурим кога еден пијан човек се вмешал во изјава на еден полицаец.

Полицаецот се вклучил во програма во живо, но вниманието му го свртел еден пијан човек, па тој одеднаш без никаква најава ја прекинал изјавата и се упатил кон мажот.

Видно бесен го фатил за ракав и го однел во полициската станица.

Мажот потоа во затвор минал 24 часа и добил казна од 500 австралиски долари.

Видеото од настанот набрзо се прошири на социјалните мрежи.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top