(ВИДЕО) Помпео: Имаме докази дека вирусот потекнува од кинеска лабораторија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео кажа дека постојат „огромни докази“ дека коронавирусот потекнува од лабораторијата во кинескиот град Вухан..

„Има огромни докази дека сето ова почна таму“, кажа Помпео.

Тој тврди и дека ова не е првпат да се случи нешто вакво.

„Ова не е првпат светот да е изложен на вируси како последица на неуспех во кинеска лабораторија“, кажа шефот на американската дипломатија.

Кинескиот институт за вирологија и официјален Пекинг ги отфрлаат тврдењата, а повеќето експерти сметаат дека вирусот настанал на пазар за диви животни во Вухан со преминување од животно на човек.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top