(ВИДЕО) Поплава во Белград - патниците потопени во градски автобуси , автомобилите пловат

По улиците на Белград попладнево пловеа автомобилите по силното невреме со дожд и град што го зафати главниот српски град и околината..

На автобуската линија 37 е забележан автобус во кој продре вода, така што патниците мораа да се пробиваат низ водата, што им достигнуваше до колена.

Не беше подобро ниту во центарот на градот, како и во приградските населби.

На Дорќол автомобилите пловеа по улиците, кои наликуваа на надојдени реки.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top