(ВИДЕО): Повторно блокирана конститутивната седница

И на 11 ден од продолжението на конститутивната седница, пратениците заглавија во истиот дебатен лавиринт..

СДСМ повика да се премине од точката за формирање на Комисијата за избори и именувања на следната, за избор на новиот претседател на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ се спротистави велејќи дека таква пракса досега немало. Од Алијансата за Албанците сметаат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не ја почитуваат волјата на новото мнозинство.

„Во овој парламент се случува класично непочитување на волјата на мнозинството од страна на малцинството. Преку мисионери пристигнале и големи понуди само да се биде дел од имагинарно мнозинство од Вас, но ќе ви кажам јасно и гласно, ниту Зијадин Села, ниту кој било лидер на албанските политички партии нема мандат за непринципиелни договори, никој нема мандат да прави договор кој го загрозува, меѓу другото, Специјалното обвинителство“. – изјави Сурија Рушити, Алијанса за Албанците

Во текот минатата недела, СДСМ соопшти дека како парламентарно мнозинство планира конкретни чекори за деблокирање, но се уште нема информации, каков е тој план и кога ќе биде спроведен. Освен 67 потписи, новото парламентарно мнозинство се смета за легитимно и од ДПА и ќе ги има и нејзините два гласа за прашањето поврзани со интеграцијата и унапредувањето на состојбата на Албанците.


Извор: Алсат


Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top