(ВИДЕО) Пожар на Даребин Драјв во Томастеон, Мелбурн

Брзата интервенција на против пожарната служба спречи прожирување на пожарот во околните куќи на улицата..

Денес во вечерните часови на улицата Даребин Драјв во Томастеон, Мелбурн се случи пожар во една од куќите на таа улица.

Кратко време после избувнувањето на пожарот беа повикани против-пожарните служби кои веднаш пристигнаа на местото на настанот и пожарот беше локализиран на време при што беше спречена поголема катастрофа.

Сопственикот на домот ни спомна дека не знае што го предизвикало пожарот и изгледаше загрижен.

Во моментот кога настана пожарот беше стопиран сообраќајот на улицата Даребин Драјв. 

Веднаш по простигнивањето на против пожарните служби пристигна и полицијата.

Погледнете го видеото кое го снимавме на местото на настанот:



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top