(ВИДЕО) Познат идентитетот на убиениот Македонец во ресторанот „Корзо“ во Мелбурн

Дени Димовски триесетгодишен македонец од Битола е убиен во Мелбурн.

Убиецот кој го изврши свирепото убиство на Македонецот во Македонскиот ресторан Корзо во Мелбурн сеуште е на слобода.

Според изјавите на полицијата група непознати лица пристигнале непоканети и се обиделе да влезат на забавата која била приватна односно само за поканети гости.

Откако сопствениците на локалот се обиделе да ги спречат да влезат тие насилно влегле при што настанала тепачка, а едно лице на возраст од 30 години било прободено со нож и за жал им подлегнало на повредите и починало.

Убиеното момче е Македонец од Битолско по име Дени Димовски, кој додека се забавувал играјќи и пеејќи со своите пријатели бил нападнат од групата која присилно влетала во локалот и неколку пати бил избоден со кујнски нож.

По инцидентот полициските екипи и брзата помош веднаш пристигнале на местотот на настанот, но за жал убодот бил толку свиреп што Дени им подлегнал на повредите.

Напаѓачите се во бегство, а полициските екипи работат на расчистување на случајот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top