(ВИДЕО) Пратеник во црногорскиот парламент го нарече Талат Џафери терорист

На денешната седница во Собранието на Црна Гора за ратификација на Протоколот за членство во НАТО на Република Северна Македонија, присуствуваше и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери..

На опозицијата им сметаше присуството на Џафери,кој од страната на лидерот на опозициската партија, Андреј Мандиќ беше наречен терорист кој пукал во македонската полиција.

Но, тука не бил крајот, за малку ќе дошло и до физичка пресметка, откако еден од лидерите на Демократскиот фронт Милан Кнежевиќ од клупата почнал да дофрла навредувачки зборови за Миодраг Вуковиќ од ДПС.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top