(ВИДЕО) Прекинат говорот на Иванов и евакуирана салата во Мелбурн

При говорот на Поранешниот Претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов во Мелбурн настана паника и беа евакуирани сите присутни на местото каде што тој држеше говор..

Поранешниот Претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов деновиве е во посета на Австралија во организација на Македонската Добротворна Организација. 

За време на донаторската вечер што се организираше од Македонската Добротворна Организација свој говор одржа и Ѓорге Иванов пред присутните Македонци. 

Неговиот говор беше преконат од ненадејното вклучување на безбедносните алармите за опасност во „Plenty Ranges Arts and Convention Centre“, при што обезбедувањеро реагираше и ги замоли присутните да ја напуштат зградата. 

На местото веднаш пристигнаа противпожарните служби ја прегледаа зградата и по проверката присутните се вратија во салата и Иванов го продолжи својот говор. 

Досега не добивме одговор од наслежните која е причината за вклучување на алармите и што точно се случи. 

Погледнете го видеото:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top