(Видео) Премиерот Никола Груевски: Се ке потпишам во интерес на државата и народот

Ќе подметнеме грб и сè ќе изгласаме и сè ќе им потпишеме..

Вечерва Премиерот Никола Груевски излезе со прес конференција да даде одговор на опозициското НЕ за предвремени парламентарни избори.

И ова нова гарнитура на СДСМ предводена од Заев и Шеќеринска се плаши од избори како ѓавол од темјан.

Тој смета дека вистината за таквиот став е тоа што СДСМ знае дека нема поддршка од граѓаните.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека на 24 декември СДСМ во неколку наврати го прекршил Уставот во обид насилно да ја преземе власта и да создаде хаос. Тогаш, смета тој, институциите постапија согласно Уставот, и дека тоа е виситната, која најголем број граѓани ја препознаа.

На предлогот да се донесе каков било извештај, добивме еден конфузен одговор, во кој се бара одлука да се донесе со консензус, рече Груевски, кој потсети дека кога ВМРО-ДПМНЕ бараше одлуките на комисијата да се носат со консензус, СДСМ беше жестоко против тоа, па се зачуди како очекуваат поддршка од народот, кога постојано јавно искажаните ставови ги менуваат.

Ќе подметнеме грб и сè ќе изгласаме и сè ќе им потпишеме. Ако не можат да се радуваат на изборен резултат нека се радуваат барем на овој извештај, изјави вечерва премиерот Никола Груевски откако СДСМ попладнево ги отфрли неговите предлози за предвремени избори.

Тој притоа рече дека и покрај тоа што е на штета на ВМРО-ДПМНЕ, се согласува да биде потпишан каков било извештај на ад хок Комисијата, само и само зашто ВМРО-ДПМНЕ води сметка за државните интереси.





Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top