(ВИДЕО) Пресушија каналите во Венеција, гондолите останаа во кал

Познатите канали во Венеција останаа без вода, откако плимата опадна драматично, само два месеци откако беа поплавени градските улици..

Италијанскиот град изграден на лагуна со солена вода често е сведок на осцилации при плимата и осеката, но екстремниот пад неодамна создаде проблеми со транспортот, бидејќи гондолите и другите чамци останаа на суво.

Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали параброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот мост „Ријалто“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top