(ВИДЕО) Претседателот на Белорусија им порача на луѓето да пијат водка: „Тука нема вируси“

Белоруското фудбалско првенство продолжи и викендов и покрај пандемијата на коронавирусот која го парализираше светот..

Белоруската лига е единствената европска лига во која сѐ уште се игра фудбал, а викендов беше одиграно второто коло.

Белорусија во моментов има помалку од 100 случаи на заразени со вирусот ковид-19, а мртви засега нема во државата со 9,5 милиони жители.

Повеќето европски земји се во карантин, но белорускиот претседател Александар Лукашенко не е загрижен. Тој дури на граѓаните им предложи да пијат водка за да се борат против болеста.

„Апсолутна глупост е да се затворат државните граници. Паниката може да ни наштети повеќе од самиот вирус“, кажа Лукашенко.

Тој предложи наместо паника неговите граѓани да пијат водка, два пати неделно да одат во сауна и да продолжат да работат на своите фарми бидејќи „тракторот може сѐ да излечи“.

„Подобро е да се умре стоејќи отколку да се живее на колена“, изјави тој вчера за локална телевизија по хокеарски натпревар. „Тука не авируси. Не ги гледам“, кажа Лукашенко.

Во Белорусија досега се забележани 94 случаи на зараза со коронавирусот.


Извор: МКД.мк


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top