(ВИДЕО) Притворен Нестор Огинар

Власта во Република Македонија не сака критики..

Долгогодишниот активист, професор Нестор Огинар, кој живее во Њу Јорк, САД деновиве престојува во својата татковина Македонија.

Како што сите го знаеме тој е критичар и е реален кога некого го критикува. Тоа го прави почесто кон лица и влади кои работат против интересите на Македонскиот народ.

Наместо оваа власт да го награди овој познат Македонец кој својата кариера ја градел во Соединетите Американски Држави, тие спротивно не сакајќи критики против нив го уапсија пред Порта Македонија.

Ова не е прв пат професорот Нестор Огинар на јавно место да критикува власт. Тој тоа го има правоено на повеќе наврати, но овој пат 72-годишниот со користење на сила бил приведен од припадниците на МВР и однесен во полициска станица.

Овој настан е црна дамка кон македонската дијаспора каде Нестор Огинар кој е политичка икона на дијаспората, авторитетен човек кој секако ќе има влијание кон  односите помеѓу Македонската дијаспора и властите во Република Македонија.

Власта во секој случај се обидува да ги притвори неситомислениците, но тоа не им е од корист.

Добивме информациија дека Нестор Огинар бил пуштен на слобода од полициската станица во Беко каде голем број на Македонсци протестираа против апесењето на Македонскиот активист.

Се прешуваме, толку ли со демократијата во Македонија?



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top