(ВИДЕО) Проблемите продолжуваат во црквата „Св. Димитриј Солунски“ во Спрингвал, Мелбурн 2019

Изјава на управата избрана од народот на црквата „Св. Димитриј Солунски“ во Спрингвал, Мелбурн..

Вчера, во Недела на 27 Јануари 2019 година во црквата Св. Димитриј Солунски повторно дојде до немири и до викање полиција веќе по петти пат. 

Народот беше навреден од тоа што пред неколку дена незаконската управа по инструкциите на о. Миле Талески ги променила бравите на црквата, ги извадила камерите поставени од законската управа и поставила свои и тоа под надзор на телохранители.

Незадоволство се јави и заради одбивањето на о. Миле Талески да ја врати тапијата од црквата во банка како и од дрскоста на Епархијата и нејзиниот свештеник о. Јовица Симоновски, поранешниот заменик на владиката Петар, да крсти вода денес и да наддава икони, за да ги надоместат изгубените финансии од минатата недела кога портите на црквата беа заклучени, наместо иконите да се наддаваат на Богојавление -Водици, од Епархијата се одлучиле тоа да се прави неколку дена после празникот и затоа дошло до уште еден конфликт, помеѓу верниците т.е управата избрана од народот и свештеникот Протоереј Јовица Симоновски и двајца ченови на новата управа признаена од Владиката Петар, Будимир Секулоски и Ило Ристески кои не беа присутни во црквата како управа минатиот викент на Богојавление. 

Во огромен број народот влезе после службата во црквата да го спречи наддавањето на иконите само со цел за прибирање што повеќе пари и со викање и исвиркување го искажат незадоволството од по куќи собраната управа од о. Миле Талески како и од упорната арогантност и дрскост на Епархијата која доаѓа на состаноци во црквата со телохранители и употребува секакви погрдни зборови по медиумите и за народот и за од народот изгласаната управа, која ја има целосната поддршка од своите парохијани.

Борбата за спасувањето на црквата да не биде повторно втурната во долг, сега кога е целосно исплатена, продолжува.

Во моментот кога голем број на верници беа присутни во црковната сала свештеникот Отец Јовица Симоновски им рекол на верниците да излезат надвор од црквата затоа што морал да замине и требало да ја затвори црквата.

Но дел од верниците ни изјавија дека се чувсвтуваат онеправдани затоа што некој им наредил да излезат Божијот Храм.

Тој им кажал на верниците дека мора да си оди и бил приморан да ја заклучи црквата.

Ова е трет конфликт помеѓу верниците и свештенството под раководство на Митрополитот Петар. 

Како што одат работите должност е на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА да го расчисти овој проблем за да не трпи последици црквата и верниците, а секако тоа негативно се одразува и на Епархијата.

Борбата за спасување на црквата продолжува...

Видеото го започнуваме во моментот во кој што претседателот на управата поставен од Владиката Петар - Будимир Секулоски турка верничка во црквата. Проследете го видеото:



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top