(ВИДЕО) Промоција на книгата

Успешната Македонка Др. Снежана Џамбазова-Попорданоска од Мелбурн ја издаде својата втора по ред книга заснована на научно истражувачка дејност..

Книгата е со наслова "Another Way Of Living" и е една прекрасна книга која што треба да ја има секој еден човек во својата домашна библиотека.

 Оваа книга претставува прирачник за животот што содржи јасни пораки и моќни практични стратегии кои ќе ви помогнат да:

- Ги надминете секојдневните стравови и страдања

- Ги подобрите вашите комуникациски вештини

- Одржувате позитивни врски со другите

- Се самоспознаете

- Постигнете само-реализација.

Исполнета со одговори на најважните животни прашања и проткаена со оригинални поетски творби, оваа книга ќе ви овозможи да ја надминете вашата емоционална болка и страдање и да го пронајдете внатрешниот мир, како и вистинската среќа во животот.

Др. Снежана Џамбазова-Попорданоска, M.D, Ph.D., е доктор по медицина, советник и доктор на науки во областа на психологијата. Таа им помага на луѓето да го пронајдат сопствениот пат кон просветлувањето, кој се постигнува со себе-спознавање и внатрешен развој на љубовта. 

Промоцијата на книгата “Another Way of Living” се одржа вчера во сабота, на 28 април, во 2.00 часот попладне во Mill Park Library пред голем број на посетители од кои скоро сите по брилијатното претставување на авторката посакаа и ја купија книгата.

Промоцијата беше во организација на Македонското литературно друштво „Кочо Рацин“ од Мелбурн, а на промоцијата освен авторката збор зедоа и Гордана Димовска, претседател на Македонското литературно друштво „Кочо Рацин“ и Д-р Емил Попорданоски.

Книгата веќе е во продажба, а може да се купи и од интернет, на следниот линк: http://anotherwaycoaching.com.au/product/another-way-of-living/

Погледнете го видеото на кое што можете да го видите говорот на авторката Др. Снежана Џамбазова-Попорданоска:



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top