(ВИДЕО) Путин на одмор - се сонча, рибари, нурка и пешачи

Рускиот претседател своите авантури ги овековечувал со “GoPro” камера.

Фотографиите од рускиот претседател Владимир Путин на одмор станаа вистинска атракција. Голем број светски медиуми објавија дека Путин летувал во јужниот дел на Сибир каде што е снимен како се сонча, рибари, плива, њурка и пешачи..

Покрај риболовот на планинските езера во јужен Сибир и шетањето по прекрасната, густа Сибирска шума, Путин поминал два часа и во подводен лов на штука.

За време на краткиот одмор, на Путин друштво му правеле министерот за одбрана Сергеј Шојгу, претседателот на Република Какасија – Виктор Зимин и градоначалникот на Тува Шолбан Кара-ул.

Рускиот претседател своите авантури ги овековечувал со “GoPro” камера, а тие снимки заедно со останатите видео клипови и фотографии, вклучувајќи ги и оние направени со дрон, наскоро ќе бидат објавени.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top