(ВИДЕО) Путин пред Американците се пофали со хиперсоничен систем за нуклеарни ракети

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека тие за прв пат го демонстрирале новиот хиперсоничен систем за нуклеарни проектили „Авангард“ пред американските инспектори..

Следниот месец Русија ќе го распореди системот ,,Авангард”, хиперсонично вселенско летало дизајнирано да носи интерконтинентални балистички ракети за носење нуклеарни и конвенционални проектили.

Авангард  е еден од системите за кои  Владимир Путин рече дека е пред своето време.

Министерството за одбрана објави дека на група американски воени инспектори им бил прикажан Авангард  од 24 до 26 ноември, според условите на новиот договор СТАРТ за нуклеарно оружје меѓу Русија и САД, кој стапи во сила во 2011 година.

Според договорот, двете најголеми нуклеарни сили не смеат да имаат повеќе од 1.550 стратешки нуклеарни боеви глави.

Договорот, кој истекува во 2021 година, го ограничува бројот на платформи за лансирање нуклеарни ракети од копно, како и од подморници и нуклеарни бомбардери.

Путин изјави дека е подготвен да го продолжи договорот , додека Доналд Трамп му рече на Путин во 2017 дека тоа е лош договор за САД и дека за тоа ќе решава следната година.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top