(ВИДЕО) Путин снајперист, рускиот претседател ја тестираше новата пушка на Калашников

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ја посети изложбата на оружје на производителот Калашников во московското предградие Кубинка..

Во оваа прилика, ја посети и галеријата за снајперско стрелаштво во што и самиот се обиде.

Војниците на Путин му покажаа два експериментални модели на снајпер, а тој со задоволство го тестираше најновиот модел СВЦх.

Како што пишуваат руските медиуми, Путин три пати ја погоди целта на растојание од 600 метри.

Снајперот СВЦх се заснова на иконата на руското оружје, полуавтоматската снајперска пушка СВД Драгунов, но и на друго помалку познато оружје што е дизајнирано од Јевгениј Драгунов.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top