(ВИДЕО) РАКУВАЊЕ КОЕ ГО МЕНУВА СВЕТОТ: Што му кажа Ким прв на Трамп и тоа на англиски?

Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг ун се состанале во Сингапур а медиумите ширум светот овој самит го оценуваат како историски..

Трамп и Ким се ракувале, а потоа севернокорејскиот лидер му се обратил на претседателот на САД на англиски и тоа со зборовите: „Драго ми е што се запознаваме претседателе“.

Ким и Трамп поминале некое време пред новинарите, а медиумите пренесуваат дека Трамп одговорил дека се чувствува слично.

„Моја чест е, сигурен сум дека ќе имаме одлични односи“, рекол Трамп во присуство на преведувач.

Трамп и Ким потоа, одејќи еден покрај друг се упатиле во салата каде поминале 38 минути во приватен разговор, со присуство на преведувач.

Потоа, на нив им се придружиле претставници на делегациите на двете земји.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top