(ВИДЕО) Реформаторите побараа оставка од Груевски и повикаа на масовно приклучување кон иницијативата

Ние од иницијативата излеговме пред 4 месеци со цел да спречиме ваков срамен пораз на ВМРО-ДПМНЕ..

Иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција објавија дека времето на груевизмот заврши во партијата и во Република Македонија.

Ние од иницијативата излеговме пред 4 месеци со цел да спречиме ваков срамен пораз на ВМРО-ДПМНЕ. 

Искрено, жалиме што Никола Груевски не ја препозна историската димензија на иницијативата, со што партијата ќе можеше да влезе подготвена на овие избори. И покрај тоа што членовите масовно ѝ се приклучуваа на внатрепартиската иницијатива и беа гласни дека ВМРО-ДПМНЕ мора да се реформира, Никола Груевски одлучи да оди срамно во овој пораз, рече Александар Михајловски.

Тој упати неколку пораки до членовите на ВМРО-ДПМНЕ да не очајуваат.

– Секој крај е нов почеток во кој ВМРО-ДПМНЕ ќе се демократизира со реформи и повторно ќе биде силна политичка партија во Република Македонија.

Ги повикуваме членовите на ВМРО-ДПМНЕ од сите комитети, сите функционери, масовно да се приклучат кон иницијативата за реформи зашто нема време за одлагање. 

Дојдено е време за реформи низ кој процес партијата ќе стане силна и ќе им носи победа на вмровците во оваа држава.

Го повикуваме и Никола Груевски да си поднесе оставка и да овозможи низ демократски конгрес членовите слободно и демократски да го изберат својот нов лидер.

Порака и до СДСМ на воздржаност и вистинско практикување на демократијата, без реваншизми кон членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Порака до граѓаните – ВМРО како политичка партија ќе се реформира и ќе биде носител на политичкиот консензус во Македонија, ќе се движи кон патот на демократија во Република Македонија – рече Михајловски.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top