(ВИДЕО) Ресторан во Холандија ги замени келнерите со роботи

Ресторан во Холандија воведе келнери-роботи за да се намали контактот човек-човек поради пандемијата на коронавирусот..

Црвено-белите роботи ги поздравуваат клиентите, служат храна и ги собираат чиниите од масите во ресторанот „Ројал палас“, кој се наоѓа во градот Ренесе.

Роботите можат да кажат: „Здраво“ и „Добре дојде“.

- Многу ни помагаат. Честопати сме зафатени чистејќи ги масите, а роботите ни помагаат со сето тоа. Не исчезнуваме. И понатаму сме тука. Секогаш ќе бидат потребни луѓе во оваа индустрија - вели Леа Ху, чие семејство е сопственик на „Ројал палас“.

Во Холандија рестораните беа затворени со месеци поради пандемијата. Сега полека почнуваат да се отвораат, но со ограничување на бројот на гости.

Овие неколку месеци беа прилично тешки за индустријата за услуги за храна, а рестораните изгубија околу 5,5 милиони работни места само во април.


View this post on Instagram


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top