(ВИДЕО) Ретката бура Јанос ја потопи Грција

Три лица загинаа поради силната бура која во текот на викендот ја зафати Грција. Се работи за бурата Јанос која буквално корнеше дрва и ги остави без електрична енергија јонските острови и западен Пелопонез..

Бурата, која инаку е од многу редок вид, потоа се прошири и во централна Грција, погодувајќи ги градовите Кардитса и Фарсале, а ништо подобро не помина ниту Крит.

Експертите проценуваат дека на подрачјето на Кардитса биле поплавени 5.000 куќи. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најавил помош од владата.

Погледнете каква штета е нанесена:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top