(ВИДЕО) Резолуција по повод протестите во Мелбурн 2018

Во целост ја објавуваме резолуцијата од протестите во Мелбурн.

Мелбурн 4 март 2018 година


Резолуција на Македонската заедница на Викторија поповод днешниот протест "Ние сме Македонци воодбрана на Македонија" одржан на 4-ти Март 2018 г. во Мелбурн, Викторија.

Ние, Македонците од Викторија, како нераскинлив дел од Македонскиот народ и Македонија, со нашето присуствона овој масовен собир, сакаме да ја изразиме нашата длабока загриженост и огорченост за заканите коишто сепојавија за унитарниот карактер на македонската држава, името, идентитетот, историјата, јазикот и културата намакедонскиот народ поради политиката водена одсегашната нелегална влада и некои од претходните влади.
Заради засилените активности на нелегалната Влада вопоследните месеци за промена на уставното име наМакедонија, таканаречениот добрососедски Договор со Бугарија и Тиранската платформа ги донесуваме следнитебарања:

(1) Ние, Македонците од Викторија, ги повикуваме сите Македонци во светот да се обединат заради одбрана наимето на Македонија и идентитетот, јазикот и историјатана македонскиот народ

(2) Македонците од Викторија сметаат дека Македонија е држава на Македонскиот народ како единствен носител надржавноста , во која сите се еднакви пред законите,независно од етничкото потекло, вероисповедта, партиската припадност и социјалниот и економскиотстатус.

(3) Македонците од Викторија отфрлуваат еднашзасекогаш промена на историското и правилното име надржавата, Република Македонија, знамето, химната и грбот

(4) Македонците од Викторија ја повикуваатдемократската јавност во светот да ја поддржиунитарноста и државноста на Република Македонија, името Република Македонија и идентитетот на нацијата и македонскиот народ.

(5) Македонците од Викторија бараат да се стави конечени итен крај на понижувачките и навредливите преговориза историското и правилното име Македонија помеѓувладите на Македонија и Грција. Било каква промена наимето на Македонија во согласност со Атина би гоозначила почеткот на крајот на  македонскиот идентиет, историја и државност. Повикуваме Македонијабезусловно да го продолжи членството во ОбединетитеНации и други меѓународни институции под уставнотоиме Република Македонија и јазикот и идентитетот нанашата земја во тие институции да бидат опишани какомакедонски. Инаку, НАТО И ЕУ не се достојни запромена на државното име на Македонија.

(6) Ние категорично го отфрламе „Законот за употреба најазиците", а со тоа  ја отфрлуваме федерализацијата наМакедонија и наметнувањето на Албанскиот јазик какоофицијален јазик на целата територијата на Македонија.
 Остварувањето на овие планови ќе ги осоколи тиеполитички сили кај албанското малцинство коишто бараатсоздавање на Голема Албанија и кои ги сметаат федерализацијата и официјалната двојазичност какопреодна фаза за постигање на оваа цел.
 Ние сметаме дека македонскиот јазик треба да остане  еден и единственофицијален и кохезивен јазик за сите жители на целататериторија на Македонија и во нејзините меѓународни односи.
Сметаме дека широките јазични и културни праваи правото на вето доделени на албанското малцинствосогласно Охридскиот рамковен договор ги исполнуваат повеќе одколку што е потребно меѓународните конвенциии договори коишто се однесуваат на заштита намалцински групи и култури.
 Етничките Албанци во Македонија се служат со правна заштита за нивниот јазики култура и со права коишто ги надмнуваат тие доделенина скоро било кое друго етничко малцинство во Европа.
Воедно бараме Зоран Заев и неговите албански коалициони партнери да престанат да ја спроведуваат штетната Тиранска платформа.

(7) Ние го осудуваме и отфрлуваме таканаречениот Договор за Соработка и Добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија со кој Македонија формално сеоткажува од својата уставна обврска да ги брани праватана Македонците во Бугарија со членот 11, а со членот 8 исто така и дава можност на Бугарија да ги ревидира македонските учебници по историја, во Преамбулата не го признава македонскиот јазик и крајно ги ограничува политичките активности во Македонија насочени кон обелоденување на бугарската негација на македонскиотидентитет, јазик, историја и култура.
Ова е еднострандоговор и бараме Македонија да се повелече од него и даго поништи и да започне да соработува со Македонцитево Бугарија, Грција, Албанија, Косово и Србија!

(8) Ја повикуваме Македонската Православна Црква да сеповлече од договорот со Бугарската Православна Цркваспоред кој Бугарската Православна Црква се означувакако "мајка црква" која наводно би требало да содејствуваза олеснување на прифаќањето на МакедонскатаПравославна Црква како автокефална од другитеправославни цркви.
Овој договор неможе да се смета заважечки и во интерес на верниците  и Македонската Православна Црква се додека Бугарската Православна Црква не признава посебен македонски јазик, идентитет и посебна македонска црковна историја.

(9) Македонците од Викторија бараат да се одржи веродостоен и кредибилен попис во Македонија поднезависен меѓународен надзор заради утврдување наточниот број на жители во земјата и процентуалната застапеност на разните малцинства.

(10) Ние категорично го осудуваме официјалното грчко, бугарско и албанско негирање на постоењето на Македонскио народ или македонска нација, етничкагрупа, јазик, идентитет и култура како шовинистички и расистички чин и спротивно на мирот и стабилноста наБалканот.

(11) Ја повикуваме австралиската влада да престане да јадискриминира Македонската заедница и веднаш да јапризнае Република Македонија под нејзиното историско и уставно име.

(12) Ако Владата во Македонија се покаже неспособна да ги спроведе гореспоменатите барања, ќе ги прекинеме целосно врските со неа, нејзините дипломатски претставници и емисари и борбата за постигнување на нашите цели ќе продолжи.

Да живее Македонија, да живее Македонскиот народ!

Оваа резолуција се доставува до следните земји и институции: Владата на Република Македонија, Претседателот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Владата на Австралија,Организацијата на Обединетите Нации, Европската Унија, Соединетите Американски Држави, Руската Федерација, Народна Република Кина, Франција, Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска.

Д-р Крис Попов

Д-р Ицо Најдовски 

За Македонската заедница од Мелбурн и Викторија



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top