(ВИДЕО) Ристовски: ДПМНЕ не ни дозволи да одржиме митинг во Ченто

Претседателот на ИНТЕГРА, Д-р Љупчо Ристовски гостуваше во „Отворено Студио“ на Телевизија 24..

Љупчо Ристовски од Интегра во гостувањето на ТВ 24 истакна дека нивната партија сака да го сруши црно-белиот свет на СДСМ и ДПМНЕ кој владее во минатите 30 години.

„Интегра излегува на овие избори со вистината, тоа што досега сме го немале, 30 години имаме лага на политичката сцена, фатаморгана и имаме една изгубена генерација. Македонија треба да ја извлечеме од хибриден режим и да ја вратиме во полна демократија. Имаме високи цели како партија, сакаме да го турнеме овој црно-бел свет на СДСМ и ДПМНЕ во овие 30 години. 

Имаме негативна кампања, синоќа во Ченто не ни беше дозволено да одржиме митинг и да го претставиме нашиот кандидат. Дојдоа 30 луѓе од ДПМНЕ и ни забранија да одржиме митинг. Здивени се ботовите на ДПМНЕ, ќе поднесеме кривична пријава против техничкиот министер Наќе Чулев и лидерот на опозицијата Мицкоски. Ќе се бориме на секој начин да си го кажеме своето, на митинзи и на медиуми, рече Ристовски.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top