(ВИДЕО) Роботот на НАСА слета на Марс

Инженерите сега очекуваат слика од околината на роботот..

Американската вселенска агенција НАСА успешно слета робот на површината на планетата Марс.

Роботот треба длабински да ја истражи внатрешноста на Марс, со што тој ќе стане втората планета по Земјата  која била истражена на овој начин.

Слетувањето на роботот се случи пред помалку од половина час, а контролорите на мисијата во Калифорнија беа пресреќни кога тој ја допре површината на Марс.

Роботот наречен ИнСајт слета близу до екваторот на Марс.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top