(ВИДЕО) Русија изведе воени вежби во северна Европа, испалени десетина ракети

Руските воени бродови на Северната флота неделава спроведоа вежби во северниот дел на Баренцовото Море..

Руски воени бродови на Северната флота извеле вежби во северниот дел од Баренцовото море. 

На видеото кое го објави руското министерство за одбрана, се гледа разорувач Вајс-Адмирал Кулавков и два брода, Александар Отраковски и Кондопога, кои учествуваат во вежбите. 

Во вежбите е погодена замислена мина која плута, а испалени се десетина ракети.

Показната вежба е дел од шестдневната програма на Центарот 2019, кој започна во понеделникот во регионот Оренбург, а во кој учествуваат и војските на Кина, Индија, Казахстан, Пакистан, Узбекистан и Таџикистан.

Од руското министерство за одбрана рекле дека во вежбите учествувале 128.000 војници, 20.000 воени возила и повеќе од 600 авиони.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top