(ВИДЕО) Русија ја слави победата над фашизмот

Со величествена воена парада во Москва Русија ја слави победата над фашизмот..

Во Москва утрово започна воената парада во чест на 9 мај Денот на победата над фашизмот.

Во воената парада на Црвениот плоштад во Москва ќе учествуваат повеќе од 13 000 војници, 74 авиони и хеликоптери и 132 единици на техника.  

Рускиот претседател Владимир Путин го честиташе денот на победата, како што рече денот на нашата гордост, тага и безгранична благодарност за заштитниците на татковината кои го растуриле нацизмот.

-Тие војуваа, поминаа надчовечки искушенија и стоеја на страшното место на борбата кога требаше. Дадоа се што е потребно и ја добија таа победа, порача Путин на почетокот на традиционалната воена парада , која секоја година се одржува на „Црвениот плоштад“ во Москва.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top