(ВИДЕО) Русија објави снимка од „Цар“, најголемата нуклеарна бомба некогаш тестирана

Советскиот Сојуз во октомври 1961 година ја детонираше најголемата хидрогенска бомба во светот – РДС-220, бомбата позната како „Цар“ која експлодирала со сила од 50 милиони тони ТНТ..

На снимката преведена на англиски на Јутјуб се истакнува дека тоа до денешен ден е најголемата експлозија произведена од човекот, но и дека Русија неодамна ја тргнала ознаката за тајност од досега невидените снимки од експлозијата на бомбата.

Бомбардер ја испуштил бомбата кога се наоѓал на височина нешто поголема од 10 километри. Таа се активирала на речиси четири километри од земјата за да се намали радијацијата.

На снимката се гледа дека бомбата ја носел специјално модифициран бомбардер тупољев Ту-95, обоен во бело боја за да се намали ефектот од блесокот на детонацијата. Него го следел помал бомбардер Ту-16, опремен со камери.

Снимката го покажува моментот на детонацијата од неколку агли, и од земјата и од бомбардерот Ту-95.

Бомбата, тешка 27 тони и долга осум метри, создала џиновска „печурка“, а експлозијата била видлива и на речиси 1.000 километри.

Советскиот лидер Никита Хрушчов лично ја наредил изградбата на оваа бомба во јули 1961 година, пренесува Попјулар меканикс. Иако Хрушчов сакал нуклеарно оружје од 100 мегатони, инженерите на крајот му доставиле верзија од 50 мегатони – еквивалентно на 50 милиони тони (45 милони метрички тони) ТНТ активирани одеднаш.

Дури и со половина од посакуваното полнење, бомбата била страшно моќна и илјада пати посилна од нуклеарните бомби кои САД ги активирале над Хирошима и Нагасаки во Втората светска војна.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top