ВИДЕО: Русите биле во контакт со вонземјани?

Дел од нивната приказна вклучува и НЛО кое наводно се урнало во 1969 година.

Во последно време на интернет кружи приказна во која се тврди дека Русите веќе децении наназад се запознати со вонземски цивилизации. И иако приказната за руското НЛО не е нова, повторно се најде во медиумите, првенствено заради тоа што американскиот Хафингтон пост објави текст во кој се прашува зошто американските меинстрим медиуми во целост ја игнорираат. Поводот за објавувањето бил текстот од порталот Гласот на Русија во кој се тврди дека Русите првата средба со вонземјаните ја имале во 1942 година.

Дел од нивната приказна вклучува и НЛО кое наводно се урнало во 1969 година, а кое било откриено од страна на руската војска, при што е направена обдукција на еден вонземјанин. Ова сценарио веројатно ви звучи познато, а причина за тоа е фактот што приказната е слична од онаа од Росвел.

Американските медиуми прв пат ја пренесоа во специјалот ТНТ од 1998 година, именуван како „Тајните КГБ документи за НЛО“, во кој се прикажани неколку наводни сцени од местото на настанот, вклучително и неколку минути од споменатата обдукција на мртвиот вонземјанин. Повеќето уфолози тогаш ова го прогласија за обична измислица. Поранешниот советник на NBC за вселенски прашања, Џејмс Оберг, рекол дека би требало да биде доволно тоа што документарецот се прикажува со напомена: „Она што го гледате би можело да е вистина или лага.“

Сепак, Гласот на Русија повторно ја активираше токму оваа приказна, со додаток за уште една средба со вонземјани, овој пат од 1989 година, која повторно вклучува наводни обдукции. Освен тоа, се наведува дека, претходно оваа година Pravda.ru пишувала за наводна средба на неколкумина научници со вонземјани. Според нивните тврдења, пензионираниот службеник на министерството за одбрана, Алексеи Савин, на новинарите им открил дека во доцните 80-ти години група истражувачи успеале да остварат контакт со претставници на друга цивилизација.

Известиле и за тоа дека министерството за обрана во средината на 80-те организирало голема студија на паранормални феномени. Подрачјата на кое се изведувале воени вежби не биле случајно добрани. Експертите донеле заклучок дека НЛО без сомнеж се појавуваат на места на кои се тестираат воена опрема и оружје.

Исто така, цитиран е и Василиј Јеременко, член на Академијата за безбедност, одбрана и силите на редот и поранешен агент ан КГБ, кој рекол дека темата БЛО е се се поприсутна. А токму поради нејзината скандалозна природа сериозни научници не сакаат да се изјаснат по тоа прашање, пренесува Хафингтон пост, оставајќи го отворено прашањето зошто со ова не се позанимавал ниту еден западен медиум, независно дали е во прашање забава или сериозна тема.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top