(ВИДЕО) Руска подморница од Медитеранот гаѓаше база на ИСИС во Сирија

Руската војска денес соопшти дека воена подморница од Средоземното Море лансирала повеќе крстосувачки проектили „калибр“ врз база на терористичката група Исламска држава во провинцијата Деир ез Зор во Сирија..

„Ракетниот удар со проектили „калибр“ уништи команден центар на Исламска држава, како и поголем број борбени возила и екстремисти, како и голем магацин за оружје“, се истакнува во соопштението на руското министерство за одбрана.

Целта на ракетниот напад била во близина на градот Абу Кемал, едно од неколкуте преостанати упоришта на ИСИС во Сирија.

Истата подморница „Велики Новгород“ од класата „варшавјанка“ на 5 октомври изврши симултан напад со крстосувачки проектили „калибр“ со подморницата „Колпино“ од истата класа.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top