(ВИДЕО) Руска зима - 250 судири за 24 часа, автомобилите како санки

Над 250 сообраќајни несреќи се случиле за помалку од 24 часа на замрзнатите улици на Владивосток во Русија откако падна првиот снег, пренесуваат руските медиуми..

Како што пишува Раша тудеј, во текот на вчерашниот ден во Владивосток се случиле 256 сообраќајќи за 24 часа.

Снимките од судирите и замрзнатите улици се објавени на социјалните мрежи, а на нив се гледа дека возачите воопшто немаат контрола врз своите возила и удираат во сѐ што ќе им се најде на пат.

РТ пренесува дека нема загинати, но дека се повредени осум луѓе.

Владивосток се наоѓа на крајниот исток на Русија, во близина на границата со Кина и Северна Кореја. Станува збор за најголемото пристаниште на Тихиот Океан и центар на руската Пацифичка флота.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top