(ВИДЕО) Руски маринци се истоварија на брегот на Сирија за големи воени вежби на Медитеранот

Русија спроведе големи воени вежби на Средоземното море во близина на Сирија, во кои учествуваа и руската морнарица и воздухопловните сили. Вежбите се одржаа во време на засилена ескалација на случувањата околу Идлиб..

Снимките објавени од руското министерство за одбрана ги покажуваат специјалните морнарички сили опремени со најсовремена опрема како се истоваруваа на бреговите на сириската провинција Латакија, јавуаат руските медиуми. Руските маринци користеле хеликоптери, пловила за брзи напади и оклопни возила при истоварањето од голем амфибиски брод заштитувани од голем број руски воени авиони.

Вежбата била дел од целонеделните воени игри, за кои руското министерство тврди дека биле први такви во Средоземјето.

Одржани од 1 до 8 септември, вежбите вклучуваат и воспоставување база на територија контролирана од симулиран непријател. Сѐ на сѐ во вежбите учествувале 26 брода на сите руски флоти, вклучувајќи и две подморници, како и 34 летала.

Претходно портпаролот на Кремљ објасни дека вежбите се делумно повразни со ситуацијата во сириската провинција Идлиб. „Идлиб е жариште на тероризам и ништо добро не може да дојде од таму, освен ако не се преземе акција“, кажа Дмитриј песков пред почнувањето на вежбите на крајот на август, додавајќи дека „дополнителните безбедносни мерки“ се „оправдани“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top