(ВИДЕО) Се огласи Татјана Лазаревска од Австралија: Овде во Мелбурн не е како во Македонија

Татјана Лазаревска, нашата фолкерка повеќе од пет години живее во Австралија заедно со семејството, сопругот Новица и синовите Стефан и Петар..

Тие неодамна купија куќа таму, а како што вели пејачката деновите во време на заразата ги минуваат порелаксирано.

Татјана од својот дом се вклучи во утринската програма „Ја сакам Македонија“ и истакна дека периодов го поминува во домашна атмосфера со добра музика, филмови, играње на карти…

Дома сме супер, фала му на Господ. Дечките моментално се на школски распуст, овде во Австралија моментално е оној велигденски распуст.

Поради вонредната ситуација училиштата се затворени, па од наредната недела ќе започнат со онлајн настава. Дечките се забавуваат, имаме кош во двор, па кошарката е на прво место. Јас и Новица сме активни, работиме. Јас работам како учителка во градинка, а овде градинките се уште работат.

Тоа ни дава сила, енергија, волја да мислиме на убави работи. Новица работи во јавниот транспорт, па така и тој не може да застане“, вели фолкерката и додава:

Генерално, овде во Мелбурн не е толку бурно како во Македонија. Постојано комуницирам со мојата мајка, со нашите блиски и навистина многу сме загрижени. Овде не е така, овде е порелаксирано“.

Таа објасни дека градинката каде работи се наоѓа во близина на болница каде што болничарите и докторите ги носат своите деца на чување во градинка, па објаснува дека ситуацијата не е толку страшна и загрижувачка.

Инаку Татјана вчера на социјалните мрежи објави видео на кое покажа кој во моментов се грижи за нејзиниот стајлинг. Новица ја фарбаше, а таа ги фалеше неговите фризерски способности.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top