(ВИДЕО) Се урна мал авион преполн со кокаин

Мал авион преполн со дрога се урна веднаш по полетувањето од Папуа Нова Гвинеја, јавува Би-Би-Си..

Авионот, што бил преоптоварен со кокаин, требало да ја испорача дрогата на австралискиот пазар. Австралиската полиција тврди дека алчноста на шверцерската организација што го преполнила авионот е делумно виновна за неговиот пад.

Несреќната Цесна носела повеќе од 500 килограми кокаин во вредност од 57 милиони долари. Авионот се урнал овој понеделник, а петмина мажи, наводно, членови на криминална организација со седиште во Мелбурн, биле уапсени.

Австралиската полиција соопшти дека оваа организација е под нивна контрола веќе две години.

Авионот во неделата пристигна од Мареб во Северен Квинсленд и полета за да ги избегне радарите. Тој слетал на оддалечен аеродром во Папа Лео. Таму е натоварен со кокаин со кој требало да се врати во Австралија.

Остатоците од авионот биле пронајдени недалеку од аеродромот. Дрогата, или 28 торби, подоцна се пронајдени во заедничка операција на австралиската и полицијата на Папуа Нова Гвинеја.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top