(ВИДЕО) Се запали најстарата џамија во Ерусалим, Ал-Акса

Една од структурите на џамијата Ал Акса во Ерусалим беше зафатена од пожар во понеделникот, во истата ноќ кога гореше катедралата Норт Дам во Париз..

Една од структурите на џамијата Ал Акса во Ерусалим беше зафатена од пожар во понеделникот, во истата ноќ кога гореше катедралата Норт Дам во Париз.

Пожарот е брзо изгасен и никој не е повреден, пишуваат Раша тудеј и Спутник.

Пожарот избил во собата на еден од чуварите, која се наоѓа во близина на покривот на собата за молитва Марвана, се наведува во извештајот на агенцијата Вафа. Следела брза интервенција на пожарникарите, па не е причинета поголема материјална штета.

Причината за пожарот не е позната.

Џамијата Ал Акса е трет најважен објект во исламот.


Scroll To Top