(ВИДЕО) Секо - Далеку од тебе е новиот хит на Македонската музичка сцена

Излезе првата песна на пеачот Секо од Делчево..

Деновиве излезе видео спотот на првата песна на Секо во која што се гледа дека е вложен голем труд и многу емоции.

Ви го претставуваме Секо од Делчево, голема музичка надеж за Македонската естрада, кој со својата заложба уште во својот прв видео спот покажа врвен вокален квалитет и секако дека со ова што го видовме на првиот видео спот, овој талентиран пеач, дефинитвно има блескава иднина.

Овој видео спот е снимен на повеќе локации и тоа: на планината Голак во Делчево, хотелот „Sunrise“ во Делчево и на бранат а Калиманци, Македонска Каменица.

Музичари кои настапија во спотот се: Роберт Веселиновски - тапани, Даме Манов - сајзер, и Кристијан Николов - гитара.

Видеото спотот го сними Кристијан Ѓоргиев.

Секо е најмалиот син на саксофонистот Секо кој настапуваше со мега ѕвездата Гоце Арнаудов и групата Кисми, а моментално живее и работи како музичар во Мелбурн, Авастралија.

При нашиот разговор со таткото на Секо, Секо со гордост ни соопшти дека е многу позитивно импресиониран затоа што неговиот најмал син тргнал по неговите стапки и ќе се заминава со музика.

Погледнете го видео спотот од песната:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top