(ВИДЕО) Села: Да се формира и министерство за бурек

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, не гледа причина зошто би требало да се промени договорот за составување на владата и на неговата партија да му се одземе ресорот за здравство..

Премиерот Заев по средбата со Села, не најде време за изјава пред камерите во врска со овој договор. Од неговиот кабинет со две реченици ја информираа јавноста околу средбата која траеше само 20 минути.

Во соопштението на владата се вели дека Села на ја прифати понудата на премиерот, без да дадат детали околу тоа дали ќе има и други средби, или дали ова значи дека Алијансата за Албанците ќе остане надвор од владата.

Села не ја сфати сериозно понудата на премиерот, дури и се пошегува на негова сметка, предлагајќи му ресурс кој ќе се занимава со распределбата на бурек.

„Му предложив на премиерот да назначи и еден заменик премиер кој ќе се занимава со распределба на бурек за министрите и тоа министерство со задоволство би му го предал на Демократската Унија за Интеграции“, истакна Села.

Села изјави дека лидерот на ДУИ бара Алијансата за Албанците да замине од владата поради како што вели, успешното управување  на кадарот на оваа партија. Села изјави дека не држат вода ниту изјавите на премиерот Заев, дека министерството за здравство го добило Алијансата само поради Таравари, туку според Села тоа се случило така во времето бидејќи тогаш СДСМ ги немала потребните бројки за составување на Влада.

Лидерот на Алијансата во изјавата за медиуми неколку пати рече дека изворот на оваа криза во владината коалиција е Али Ахмети. Но, тоа  дека е разочаран и дека не сака да соработува со Села не го крие ниту Ахмети.

Според партиските извори, во почетокот на наредната недела ќе се разјасни дилемата околу тоа дали Алијанса ќе остане во Влада или не. Вулнет Ферати  останува предлогот на оваа партија за министер за здравство, но се очекува владиното мнозинство, во состав ДУИ-СДСМ во наредните денови на Собранието, во името на Владата, да го предложат Венко Филипче за оваа функција.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top