(ВИДЕО) Сеул емитуваше снимка од експлозијата во севернокорејското биро за меѓукорејски врски

Јужнокорејското министерство за одбрана објави видео-снимка од уништувањето на меѓукорејскиот комуникациски центар на територијата на индустрискиот комплекс Кесонг во Северна Кореја..

На снимката е прикажан моментот на експлозијата и уривањето на зданието. Уривањето, како што објави севернокорејската службена новинска агенција KCNA, бил одговор на „народниот гнев“.

Заедничката канцеларија за врски меѓу двете земји во пограничната област Пунмунџом беше отворена во април во 2018 година по договорот меѓу челниците на двете Кореи.

Овој чин следи откако минатата седмица Северна Кореја ги прекина сите врски со Југот поради пребезите кои во затворената комунистичка земја подоцна испраќале пропаганден материјал, обвинувајќи го Сеул дека стои зад тие активности. На 8-ми јуни агенцијата KCNA објави за целосен физички прекин на сите комуникациски линии кон Јужна Кореја, вклучително и воените канали и специјалната линија меѓу највисоките политички раководства на двете земји.

Пред неколку дена првиот заменик на претседателот на Централниот комитет на Работничката партија на (северна) Кореја, и сестра на севернокорејскиот лидер, Ким Јо Џонг, најави дека „во блиска иднина ќе може да се види бедната слика како до темели се уништува бескорисната заедница канцеларија за контакти меѓи Северот и Југот“.

Во вторникот генералштабот на севернокорејската армија објави за подготовка на плановите за повлекување на севернокорејските трупи од демилитаризиранта зона. Кесон, кој се наоѓа на помалку од 50 километри од јужнокорејската престолнина Сеул, се смета за еден од главните правци за напредување на севернокорејските војски кон Југот, во случај на воен судар меѓи двете земји.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top