(ВИДЕО) Северна Кореја не се откажува: Изведени се воени вежби по лична наредба на Ким

Севернокорејската армија изведе артилериска вежба во близина на спорната морска граница со Јужна Кореја, по лична наредба на претседателот Ким Јонг Ун..

Како што пренесува севернокорејската државна новинска агенција "KCNA", артилериската вежба била изведена за време на посетата на Ким Јонг Ун на воената единица на западниот брег на Северна Кореја.

Тоа било првата посета на севернокорејскиот лидер на некоја воена единица откако започнаа преговорите за денуклеаризација со САД минатата година.

Островот на кој биле изведени воените вежби се наоѓа северно морската граница помеѓу двете Кореи, а познат е по тоа што имаше неколку судири во минатотот помеѓу севернокорејските и јужнокорејските војници, при што настрадаа десетина војници.

Јужнокорејското министерство за одбрана изрази жалење поради последните воени вежби и наведе дека Пјонгјанг ги прекршиле минатогодишните постигнати договори, чија што цел била намалување на воените непријателства во пограничните подрачја.

Портпаролот на министерството, Чои Хјун Су изјави пред новинарите дека Северна Кореја мора да престане со било какво делување кое може да ги зголеми воените тензии.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top