(ВИДЕО) Севернокорејска телевизија објави досега невидени снимки од средбата на Трамп и Ким

Севернокорејската државна телевизија објави досега невидени фотографии и снимки од неодамнешната средба на Ким Џонг Ун и Доналд Трамп, пренесува Си-ен-ен..

Државната телевизија на Северна Кореја објави документарен филм во траење од 42 минути во кој се гледаат сцени од патувањето на Ким Џонг Ун во кинески авион и досега неемитувани снимки од севернокорејскиот лидер во луксузниот хотел во кој се сретна со Трамп.

Некои од кадрите прикажуваат стотици Севернокорејци како фанатично плескаат и мафтаат со државни знамиња додека ги гледаат снимките од слетувањето на авион со кој Ким Џонг Ун пристигна во Сингапур на средбата со американскиот претседател.

Со ентузијастична звучна подлога, документарецот содржи снимки од патувањето на Ким во Сингапур и го следи од пристигнувањето во неделата до заминувањето во вторникот навечер.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top