(ВИДЕО) Шестгодишно момче собрало 400.000 долари за да му помогне на своето болно другарче

Кога шестгодишниот Дилан Сигел дознал дека неговиот најдобар другар пати од ретка и неизлечлива болест на црниот дроб, напишал книга насловена „Chocolate Bar“, која станала голем хит..

Благодарение на книгата, потоа почнале да се продаваат и многу други работи, како на пример маички. За својот болен пријател тој успеал да собере дури 400.000 американски долари, а целта е да се стигне до еден милион.

Со овие пари досега се обезбедени нови работни места во медицинските установи кои се бават со проучување на оваа ретка болест. Книгата чини 20 долари, а можете да ја нарачате онлајн.

„Тоа момче успеа да собере повеќе пари за оваа болест, отколку сите медицински установи и донации заедно. Веќе имаме вработено нови луѓе“ – вели докторот Дејвид Вајнстајн.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top