(ВИДЕО) Што зборуваше Оле Гунар Солскјер за 2. место на Мурињо со Манчестер Јунајтед

Медиумите се секогаш тука за да потсетат што рекле тренерите во минатото, а сега на „лер“ го фатија Оле Гунар Солскјер..

Тој додека беше тренер на Молде во Норвешка, имаше искоментирано дека никој не е среќен со второто место кое Јунајтед го оствари со Жозе Мурињо во нивната најдобра сезона по Фергусон.

„Не верувам дека некој од навивачите на Манчестер Јунајтед или поранешни играчи, се среќни со втората позиција на табелата. Тоа треба да биде само првата позиција“, истакна тогаш Солскјер.

Во моментот Јунајтед со Солскјер е седмопласиран, со низа проблеми зад себе.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top