(ВИДЕО): ШВАЈЦАРСКИ ИНСТИТУТ ЗА ДНК ТВРДИ ДЕКА СМЕ ПОТОМЦИ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ

Иако оваа информација се врти веќе со години таа се уште предизвикува полемика на форумот на швајцарскиот институт ИГЕНЕА чие истражување ги исфрустрира Грците..

Институтот кој се бави со генетски истражувања на Европските народи и кој важи за еден од водечките во областа на ДНК анализи, потврдува дека денешните Македонци се потомци на античките.

На прашањето кое го поставува грчка државјанка, а кое гласи: кои се корените на Славомакедонците, институтот на нивниот официјален форум одговара –

Macedonia

- Пред се, тие се Македонци, а не Славомакедонци како што вие ги нарекувате поради политички причини. Најголем дел од Македонците се директни потомци на античките, а многу помал дел имаат словенско потекло. Ваквите податоци институтот ги поткрепува со докази.

За да биде грчкото разочарување поголемо ИГЕНЕА отрива дека само 32% од Грците всушност имаат хеленско, македонско, па дури и арабско потекло.

Останатите 31% имаат келтски корени, 12% германски и словенски, а 11% од Грците водат потекло од Илирите.

mqdefault

За Албанците пак, наспроти нивните верувања ИГЕНЕА тврди дека тие најмалку имаат илирско потекло. Според генетските истражувања, само 20% од Албанците имаат илирски корени. Додека пак 40% од народот кој живее на територијата на Босна и Херцеговина се директни потомци на Илирите.

Во изминатиов период официјалниот форум на швајцарскиот институт го преплавија прашања кои пристигнуваат токму од грчки граѓани, а кои најмногу се интерсираат, наместо за сопственото, за потеклото на македонскиот народ.

ИГЕНЕА во своите истражувања покрај ДНК анализи, користи историски, антрополошки и археолошки извори.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top