(ВИДЕО) Шведска не памети вакви пожари

Европската Комисија објви дека ќе обезбеди дополнителна помош за Шведска додека земјата и натаму се бори со десетици неконтролирани пожари на подрачја кои опфаќаат стотици хектари земјиште..

– Комисијата постојано работи на обезбедување на дополнителна помош за Шведска откако таа земја побара од ЕУ помош во борбата со шумските пожари без преседан – изјави Комисијата преку соопштение.

Покрај воздушната помош која ќе ја обезбеди Франција, дополнителна помош ќе обезбеди Германија, Литванија, Полска и Данска преку европскиот механизам за цивилна заштита.

– ЕУ стои зад шведската влада и шведскиот народ во моментот кога тоа им е најпотребно – изјавил повереникот за хуманитарна помош и кризен менаџмент Кристос Стилианидес.

– Тоа е солидарност на дело. Тоа го очекуваат нашите граѓани од Европа – додал тој.
Шведскиот кризен штаб, СОС Аларм, соопштиле дека бројот на пожарите од 8, колку што биле активни во петокот вечерта, паднал на 44 утрово.



Scroll To Top