(ВИДЕО) СИТЕЛ: Нов скандал на Владиката Петар, незаконски и одземал имот на заедницата на Власите!

Комуната на власите Браќа Манаки бараат Синодот на МПЦ активно да се вклучи во решавање на проблемот..

Црквата Св. Константин и Елена, меѓу битолчани позната како влашката црква од неодамна е во сопственост на Преспанско – пелагониската епархија. Довчерашните сопственици на храмот – Комуната на власите Браќа Манаки до шокантното откритие дошле при постапка за легализација на дивоизграден дел од објектот кој го воделе пред надлежните институции

Во Агенцијата за катастар им било речено дека промената на сопственоста на црквата била направена врз основа на налог од Централниот регистар. Црковниот одбор за одговор како дошло до новонастанатата ситуација се обратил кај битолскиот митрополит, кој им рекол дека написмено ќе им даде потврда дека тие се сопственици на црквата – понуда која била одбиена.

Комуната на власите Браќа Манаки бараат Синодот на МПЦ активно да се вклучи во решавање на проблемот.

Сопственоста на црковните објекти од една и јуриздикцијата над нив од друга страна, подолго време се проблем за МПЦ во Австралија. Недоразбирањата кулминираа со одземање на надлежностите на владиката Петар врз дел од црковните општини, по маратонските и милионски судски постапки пред надлежните австралиски судови.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top