(ВИДЕО): Скопје и денеска блокиран, и „Градски Паркинг“ вклучен во заштитата од ИСИЛ

Оклопни транспортери, редовна и специјална полиција ги разбуди скопјани кои денеска од рано утротото пристигнаа во верските храмови во Скопје..

Вообичаено, најмногу народ имаше во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во центарот на градот. Сите брзаа да стигнат на утринската богослужба па не сакаа да зборуваат пред камерата на ТВ 21. Попатно ни кажаа дека на голем празник како Велигден воопшто не им е мачно да одат пешки ниту по десетина километри само да стигнат во црква на време.

„Синоќешното чествување на христовото воскресение помина мирно во цела Македонија. Од МВР не кажуваат до кога ќе траат блокадите на главните крстосници во Скопје ниту дали можноста од евентуални терористички напади за кои предупреди пред неколку денови се уште траат“

МВР од вчера доцна попладне ги зголеми безбедносните мерки, со цел, како што соопштија од таму да се зачува јавниот ред и мир, како и безбедноста на граѓаните и објектите.

„Со оглед на глобалните терористички закани во кои што цели се и верски објекти, како што беа неодамнешните напади во Египет, како и целењето кон земјите од Балканот, меѓу кои и Македонија, од страна на терористичката ИСИЛ, МВР ќе ги зајакне безбедносните мерки и активности во наредните денови на целата територија на државата“, соопшти МВР.

Паралелно со Соборниот храм нешто помирна атмосфера затекнавме пред и околу римокатоличкиот храм „Пресвето срце исусово“ каде што од утрото се служеше архиерејска божествена литургија. Но за разлика од соброниот храм „Св. Климент Охридски“ во овој дел од центарот на Скопје полициското обезбедување беше видно поголемо. Покрај вообичаените полициски блокади, камерата на ТВ 21 забележа и „пајак“ на ЈП „Градски паркинг“ кој беше блокирал дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Поради празникот од градски паркинг нема одговор зошто пајак службите беа ангажирани во блокадатан а градот. Ова е првпат МВР да воведе мерки за безбедност на целата територија поради закана од ИСИЛ. Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу изјави дека полицијата ќе постапи соодветно за секој евентуален случај на насилство.


Извор: ТВ21


Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top