(ВИДЕО) Скржав Македонец од Мелбурн настрадал во невремето во Квинсланд, Австралија

Скржавиот плаќа дупло..

Еден наш Македонец од Мелбурн кој има искуство со патување низ Европа, престојувал во Хостел наместо во Хотел за „Backpackers“ и  пробал да заштеди пари плаќајки под 20 долари на ден за престој и седел со блиски роднини.

Истиот тој изнајмил ефтина кола иако заработува многу пари, но, во договорот со компанијата која го издава автомобилот пишувало дека доколку има невереме, пропратено со град, автомобилот не е заштитен со тој договор.

Како што пренесоа повеќе медиуми низ Австралија, во понеделникот почнал да паѓа град со големина од топче за тенис, при што настрадаа многу објекти и автомобили во Квинсланд, во најпознатото туристичко место Surfers Paradise.

Нај опасно невреме беше предизвикано во Саншајн Коуст каде градот беше со големина од крикет топче.

Иако претходно сите туристи и жители биле информирани дека ќе се случи невреме, нашиот Македонец бил изненаден кога компанијата за осигуривање побарала $4,000 оштета за автомобилот кој тој го изнајмил.

Сега компанијата за осигурување ги бара првичните $1,000, што за нашиот Македонец се премногу пари, и е вознемирен затоа што не бил заштитен во договорот за кој верувал дека платил пари и е заштитен од било какво оштетување на автомобилот.

Едно се знае дека тој што сака да заштеди и е скржав плаќа повеќе, некогаш невремето си го прави своето и ги прави таквите луѓе да ги чини одморот многу повеќе.

Името на личноста од оправдани причини нема да го спомнеме.

Погледнете го видеото од невремето во Квинсланд:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top