(ВИДЕО) Смртни закани против Емилија Стерјова, градоначалник во Мелбурн

Македонката Емилија Лиса Стерјова од Мелбурн деновиве се соочува со притисок од грчата заедница во Мелбурн.

Деновиве граноначалничката на општина Витлси во Мелбурн, Емилија Лиса Стерјова е предмет на смртни закани упатени од претставници на грчката заедница во Мелбурн.

Причина за заканите е нејзиното учество на прославата на 28-та генерација матуранти на училиштето по Македонски јазик во Мелбурн и сликите со семакедонското шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце на црвена основа и настап на Македонското оро каде го развеа знамето од Кутлеш.

Според податоците кои ги поседуваме од денес Емилија Лиса Стерјова ќе биде под полициско обезбедување и на сите јавни настани ќе има полициска придружба.

Се очекува тие што и се закануваа дека ќе бидат изнесени на суд.

Се почесто од страна на грчката заедница се бара јавно извинување од Емилија Лиса Стерјова и неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Витлси, и се бара од Лабористичката партија да се отстрани како член на истата.

Правото на самоопределување и самоидентификација на Македонците е универзално неприкосновено, неотстапно и неотуѓиво право во Македонија и во светот, и неприфатливи се омразата, одмаздата, насилството и агресијата против Македонците од било кој поради македонското име, јазик, култура, историја, идентитет и национални симболи!

Секој Македонец што смета Емилија има право да го вее своето Македонско знаме и да се претставува како Македонка, апелираме до Македонците во Австралија да испратат поддржувачко писмо на [email protected] или да се јават на 0419 175 737.

Погледнете го видеото од настанот на кој Стерјова го вееше Македонското знаме и поради таа причина моментално е под голем притисок од грчката заедница во Мелбурн.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top