(ВИДЕО) Смртоносната пештера во Тајланд ја однесе првата жртва

Тајландски нуркач, Саман Кунан кој волунтирал во операцијата за спасување на децата од пештерата и нивниот тренер, почина поради недостаток на воздух.

Командниот центар се наоѓа 2 километри во внатрешноста на пештерата, каде се заробени 12 дца и нивниот тренер скоро две недели.

Кунан кој бил во 30-те години се враќал после испорака на боца со кислород каде што биле децата, кога на враќање останал без воздух под вода.

Нуркањето е секогаш полно со ризици, можеби се онесвестил, па се удавил, мораме да ја почекаме обдукцијата“ рекле неговите колеги.

„Негова задача било да однесе боца со кислород за децата, а на враќање тој немал доволно кислород за себе“ рекол еден од Тајланските нуркачи и додал дека се работи за човек кој никогаш не работел во морнарицата, а сега се приклучив во акцијата за спасување.

„Во пештерата е тешко, на пат кон командниот центар се удавил, колегата се обидувал да му помогне, но безуспешно, кога го извлекоа оттаму повторно му е дадена помош, но безуспешно„ Изјавил  командир на војската.

Мисијата продолжува, но сега има нов проблем.Она што ги загрижува спасувачите е намалување на кислородот во пештерата каде што се наожаат децата.

Тие засега се во добра состојба, а во акцијата се вклучени околу 1000 луѓе.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top