(ВИДЕО) Смртоносно на Алпите, лавината уби седум лица

Најмалку седум лица загинаа на Алпите поради големата количина на снег кој се натрупа за време на викендот, додека скијачите во Австрија, Германија и Итали се соочени со голема опасност од нови лавини, јави „Би-би-си“..

Две лавини усмртија вчера двајца германски скијачи во Австрија, а трет скијач загина во близина на Салзбург.

Во Баварија скијач загина по корнење на дрво, а лавина на планината Теисенберг усмрти млада жена.

Двајца планинари загинаа на италијанските Алпи, северно од Торино.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top